Во српскиот град Параќин денеска експлодирала плинска боца, а при детонацијата била повредена жената А.С. (37) која потоа им подлегнала на повредите.

Експлозијата се случила во стан во улицата мајор Гавриловиќ.

– Полицијата, противпожарната бригада и екипите на итната помош се на терен. Жената дава знаци на живот но има сериозни повреди поради падот при експлозијата – изјави претходно соговорник на Информер.

Соседите се во шок по страшната експлозија на плинска боца која им ја уништи зградата.

– Ова е хорор! Од силината на експлозијата жената била исфрлена од терасата на третиот кат. Излетала – велат соседите.