Од вчера напладне му снемува траг на Александар Јошески од Прилеп, а семејството денеска на социјалните мрежи сподели фотографија и побара помош од јавноста.
Како што споделува неговата ќерка, тој бил последно виден кај автомеханичар „Цуцуло“, по што се упатил кон Селце.
На себе имал тегет тренерки со бели траки, зелена јакна и црни патики.