Младата турската актерка Мерих Озтурк во моментов ужива во популарноста која ѝ ја носи нејзината актерска кариера.

Мерих или Јованка од „Балканска приказна“ е дел од богатата екипа на турската серија која е составена од турски и македонски актери, како Гозде Цигачи, Сулејман Кара, Хакан Бојав, Каан Тургут, Дениз Гуркан, Сарп Бозкурт, Мустафа Јашар, Бедија Беговска, Елиеса Касо.

Турската актерка, која ја игра и главната улога во серијата, на својот Инстаграм профил често објавува фотографии и видеа од повеќе локации во Скопје, но и од нејзината професија како моделка.

Озтурк е успешна актерка во Турција, а освен со актерство се занимава и со манекенство. Во 2018 година ја доби наградата за најдобар модел на Турција.