Српскиот познат бенд, „Лапсус бенд“ се распадна, а веста ја објавија на својата официјална страница на Инстаграм.

Имено, на гореспоменатата социјална мрежа беше објавено официјално соопштение дека по 11 години постоење бендот го менува својот тим.

Целата содржина е отстранета од страницата, а единствената објава што стои е „Наскоро“, додека во описот на видеото напишаа:

– Единаесет години од постоењето на Лапсус Бенд, поседуваме многу хитови кои се уште се пеат… Време е да го освежиме тимот, наскоро ќе ве запознаеме со нови членови, како и со нов проект наречен „Лапсус бенд 2“. Наскоро ве очекуваат нови проекти и многу изненадувања. Вашиот бенд Лапсус.

Инаку, „Лапсус бенд“ се здоби со популарност со хит песни како Хендикеп, Будало, Лажо, Санта Леда и многу други.

На почетокот на кариерата групата настапувала како „кавер бенд“, пееле во помали клубови. Во тој период ги забележа пејачот Џенан Лончаревиќ кој ги повика да настапат на неговиот концерт. После тоа, нивната кариера тргнува по нагорна патека, а почнуваат да работат на нивните авторски песни.