Најмалку 13 лица се повредени во пожарот што денеска уништи 14-катница во шпанскиот град Валенсија и се прошири во соседната зграда, соопштија шпанските власти Зградата има 138 домови во кои живеат околу 450 луѓе.

Пожарот што избувна претходно денеска создаде облак од густ чад и на пожарникарите им е многу тешко да се справуваат со огнената стихија.

За само половина час пламените јазици ја зафатија целата зграда која е изградена во 2008 година.