Потрагата по лицето Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне за жал е пронајден починат синоќа.
Ова преку социјалните мрежи го пренесоа неколку луѓе, но и новинарката Каролина Дурло.
„Потрагата по лицето АЛЕКСАНДАР ЈОШЕСКИ од Прилеп, кој од вчера околу 12 часот се водеше за исчезнат, ЗАВРШИЛА доцна вечерва, за жал, со најнепосакуваниот исход“, пишуваа таа во својот пост на Фејсбук.
Се огласи и неговата ќерка Ана Марија која напиша:
– Го пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости не е повеќе меѓу нас.