Две лица загинаа денеска во Хрварска на автопатот А1 во правец кон Дубровник. Несррќата се алучила меѓу тунелите Свети Рок и Леденик.

Сцените на местото на несреќата биле страшни. Автомобилските делови се расфрлани насекаде. Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, возачот удрил во камен, по што автомобилот застанал на заштитната ограда.

– Како што неофицијално дознаваме, возачот на тој автомобил удрил во камен на 200 метри пред тунелот Леденик. Ударот бил толку силен што моторот излетал од автомобилот на спротивната лента од автопатот, објавија медиумите.

Од автомобилот испаднале и возачот и сопатникот и не можеле да се спасат.