Забрането носење тренерки, искинати фармерки, хеланки, нема веќе „голо меше“, кратки панталони, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип воведе кодекс за облекување за учениците и наставниците. Дополнително не е дозволено да се пали цигара во дворот на училиштето, нешто што се практикува неколку години наназад. Директорот, Горан Кавраков вели дека оваа одлука е со цел да се создаде поволна средина за учење и работа.
„Поминат е кодексот на наставнички совет, на совет на родители и ученички одбор, тоа се првите чекори. Знаете дека ние сме уметничко училиште и слободата е на повисоко ниво ос останатите училишта, ова не е на некој начин да ги заробиме учениците во блекувањето туку едноставно да бидеме добар пример и за останатите училишта“ – вели Кавраков.
Овој кодекс на облекување ќе важи со до септември за кога е предвидено, средношколците да добијат унифрма. Станува збор за маица и дуксер кои ќе бидат достапни за учениците од прва до четврта година, и се ќе биде во договор со учениците и родителите, дециден е Кавраков.
„Планот е униформите да бидат горен дел, маичка со дуксер тоа ќе биде избор на учениците, а се надевам и на поддршка од страна на МОН. Сите дечиња од средно училиште ќе добијат унифрма. “ – одава Кавраков.
Униформа од септември ќе добијат околу 150 ученици, а кодексот за облекување ќе се почитува од страна на учениците, наставниците и вработените.