Умејр Мухамеди е поранешен соработник на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој замина од Град Скопје, па напиша дека бил натепан. Сега, со нов жесток напад над Арсовска. Зборува за тендерите кои се плаќаат од државни пари, па посочува: „Данела за сите овие кражби од големи размери нема да ја спаси никој“.
Неговото пишување во целост:
„Ај вака да објасниме некои работи:
1. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 500.000 евра за чистење на кејот на Вардар. Изведувач е “Гама Градба”, багерите се појавуваат една недела и ги снемува. Кејот на Вардар го чистат јавните претпријатија на градот. Од податоците кои ги добив на е-finance на фирмата Гама Градба редовно и се плаќаат големи суми.
2. Данела Арсовска склучува договор со фирмата Нексос инженеринг за чистење на снегот, набавка вредна 65.000.000 денари, во договорот стои дека и да има и да нема снег парите треба да и се исплатат на фирмата. Носителот на набавката е близок со Стевчо Јакимовски и кон истата фирма исплатите се вршат редовно.
3. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 60.000.000 денари за набавка на садници (најголема набавка на садници во историјата на градот). Јас и пишувам дека нема многу засадени садници а вредноста на набавката е преголема она ми вика дека биле засадени 600.000 дрвја. Носител на набавката е “хорти ком” (нејзин пријател).
4. Данела Арсовска преку ЈСП склучува договор со Пуцко Петрол за набавка на нафта и нафтени деривати, вредноста на набавката е 27 милиони евра (најголема во историјата на градот односно двојно поголема од претходните набавки), во меѓувреме преку комунална хигиена склучува нови договори за набавка на нафта. (кражба од невидени размери).
5. Данела Арсовска им ги централизира поголемите набавки на средните училишта и преку таканаречена групна набавка она да одлучува која фирма ке го добие тендерот.
6. Данела Арсовска (не она лично) сече дрвја за кок нема “одобреније за сеча” за 500 евра. (За ова тие изгубените во простор од ЗХГ немаа никаков коментар).
7. Сите вредни вработени со по 20 години искуство ги исклучува од работниот процес и ги носи во пожарна преку брутален мобинг и незаконски постапки.
Данела Арсовска се “кара” со Умејр Муамеди бидејки за сите овие набавки и за многу други работи директно сум и се спротиставил и за тоа имам и докази. Данела Арсовска за сите овие кражби од големи размери од идната власт нема да ја спаси од кривичен прогон ни Ванчо Јовановски ни Никола Груевски, дури и Тодор Александров да воскресне затвор не и бега.
Има и многу други работи но сето тоа кога ке дојде времето да се докажеме во суд“.