Татко (64) го убил синот (37) со ловечка пушка попладнево, па се обидел да се самоубие. Страшната семејна трагедија се случила во Владимирци кај Шабац.
Како што неофицијално потврдија од Министерството за внатрешни работи на Србија, по злосторството таткото се обидел да се самоубие со истрел од пушка, но тој преживеал.
Со тешки повреди е пренесен во болница, животот му е во животна опасност. Засега не е познато што и претходело на трагедијата, а според неофицијални информации, семејно насилство претходно не било пријавено во домаќинството.
Денеска околу 16 часот и 30 минути во нива во близина на семејната куќа во Владимирци кај Шабац било пронајдено телото на мажот Т.И, а недалеку од него лежел уште еден маж Т.М. кој давал знаци на живот, но имал тешки повреди на главата.
Како што дознава Информер, синот се лекувал од алкохолизам и доживеал криза која му претходела на крвавото злосторство.
– Синот се лекуваше од алкохолизам, а таткото не сакаше да му дозволи да биде сам во посебна куќа. Но, се чини дека синот имал криза, по што следела расправија која ескалирала и довела до оваа трагедија – велат мештаните за Информер.
Полицијата во моментов е на местото на несреќата и врши увид за утврдување на мотивите на злосторството.