Вчера во 20.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(28) од Пакистан затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил туѓа патна исправа на лице од Шри Ланка.
Тој бил предаден на полициски службеници во Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.