Сатано, мојата задача е извршена… Го напуштам овој свет… Ова се двете реченици кои ги напишал Лав П. С. (25) од Петроварадин во тефтер пред да скокне во смрт од облакодер со сопругата Мартина (23) во петокот. Ги отрул своите синови на возраст од една и три години, а потоа телата ги покрил со бел чаршаф.

Се дозна дека станува збор за застрашувачки секташки семеен злочин дури откако Лав и Мартина скокнале од покривот на облакодер во населбата Лиман во Нови Сад во петокот околу 22 часот. Бидејќи немале документи со себе, врз основа на отпечатоци биле идентификувани, по што полициска патрола во саботата околу 17 часот влегла во изнајмената куќа во Петроварадин каде што живееле и таму затекнала трауматична сцена која сигурно никогаш нема да ја заборават.

Како што пишуваат српските медиуми, телата на несреќните малечки биле пронајдени на креветот, односно на каучот, а на ѕидовите од куќата биле исцртани античките египетски симболи „ankh“, кои симболизираат „вечен живот“ и изгледаат како крст со „рачка“.

„Понатамошното пребарување на куќата, во фиоките и во еден од плакарите, откриени се тетратки со тврда корица, каде што Лав напишал неколку белешки за задгробниот и вечниот живот, изолацијата од целиот земен свет, цртал сатанистички и други симболи, додека директно му се обраќал на ѓаволот. Меѓу другото, тој му напишал порака на сатаната дека неговата задача е завршена и дека го напушта овој свет, што најверојатно го направил пред крвавиот пир. Сите овие пораки укажуваат дека некоја опасна секта целосно им ги затемнила умовите на Лав и на Мартина, па тие во рамките на некој грозоморен ритуал дигнале рака врз децата и врз себе – објаснил изворот.

Соговорникот открива и дека Лав и Мартина пред точно пет години целосно се изолирале од семејството, пријателите и соработниците, што е карактеристично за оние кои „тонат“ во секта.

„Лав е од Белград, а Мартина од Бачки Петровац. Инспекторите во разговор со родителите дознале дека немале никаков контакт со нив откако Лав и Мартина се запознале и стапиле во брак, а не знаеле дека нивните деца се опседнати од ѓаволот. Многу им беше тешко да научат дека останале без деца и внуци – рекол изворот.

Пријателите на семејството на Мартина од Бачки Петровац изјавија дека таа пред бракот со Лав била сосема нормална девојка и многу посветена на семејството.

„Откако се омажи за Лав, ги прекина сите контакти со роднините и пријателите, го смени личниот опис. Нејзините родители се обидоа да ја вратат, но безуспешно – вели соговорникот.

Да потсетиме, Лав и Мартина немаа профили на ниту една социјална мрежа, што не е карактеристично за млади луѓе како нив, а немаа ниту телевизор во куќата. Носеле само црна облека, а црните алишта им биле оставени на машината за сушење во дворот од куќата во Петроварадин. Соседите откриле дека Лав и Мартина се вселиле во нивното маало пред две-три години и дека им се прилично чудни, особено Лав.