Многумина се обидуваат да заработат дополнителни пари, а инфлуенсерката Ченг Винг Џи, попозната како Киараакити, нашла крајно необичен и бизарен начин.
Само на Инстаграм девојката ја следат повеќе од 230.000 луѓе. Значи, сосема доволно за да се обезбеди убав приход. И што нуди?
Инфлуенсерката си ја продава долната облека, водата во која се капела, а од неодамна и својот… прдеж.
Да, добро прочитавте. Луѓето генерално се срамат, а Ченг профитира од непријатните мириси. И како! Една тегла чини неверојатни 276 евра и однапред се распродадени.
Девојката тврди дека мирисите во теглата траат 30 дена по отворањето, а ги рекламира вака:
„Дали сакате да знаете како мириса вашата омилена инфлуенсерка? Не замислувајте, нахранете ја вашата љубопитност“.
Најбизарниот детал во целата приказна е дека продавањето прдеж не е новитет, а се чини дека е вносен бизнис, пренесува LadBible.