Млада жена вечерва е застрелана на наплатната рампа Прешево и е примена на Итното одделение во болницата во Врање.
Од Здравствениот дом соопштија дека лекарите се борат за нејзиниот живот, но дека дијагнозата е во тек и рано е да се прогнозира.
– Како што се дознава, станува збор за млада жена од територијата на Србија, а во неа пукал постар маж, државјанин на Северна Македонија, објавија вечерва српските медиуми.
– Според се уште непотврдени информации, маж и жена кои биле во автомобилот се скарале, таа излегла од автомобилот и тој испукал два куршуми кон неа, а потоа се самоубил, пишува српски Курир.
Увидот на лице место е во тек.
ОБНОВЕНО: Мажот е македонски државјанин од албанска националност
Македонски државјанин од албанска националност, застрелал жена од Србија на патарина кај Прешево, а потоа се самоубил, објавува Мондо.рс. Претходно српските медиуми во првичната објава на вест објавија дека Македонец застрелал помлада жена, па си го одзел животот.