Жесток инцидент го одбележа натпреварот од бугарското првенство меѓу Левски и Шумен. Кошаркарот на Левски, Златин Георгијев физички го нападна поранешниот НБА кошаркар Карим Мане.
Георгиев очигледно падна на провокацијата на поранешниот ас на Орландо. По едно продирање му се „споија жичките“, па ја зеде топката и ја упати кон Мане, а потоа му пријде и го фати за врат во стил на искусен ММА борец.
Настана голема гужва, а во конфликтот се вклучи и тренерот на Шумен, Звонко Папак, кој влезе на теренот да го одбрани својот играч.
Ситуацијата брзо се смири, а виновникот за инцидентот Златин Георгијев заработи исклучување.
Сенегалецот Мане одигра 10 натпревари за Орландо Меџик во текот на сезоната 2020/21 во НБА. Тој помина неколку сезони во Г лигата пред да потпише со бугарскиот клуб.
— Pluton (@Pluton45873221) March 10, 2024