Младата хрватска пејачка Миа Неговетиќ имаше предизвикувачка задача во втората епизода од шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Миа ја изведе песната „Da ti nisam bila dovoljna“, која Вана ја отпеа во групата Е.Т.
Настапот не помина целосно според планот и во еден момент и испаднаа вештачките заби, но Миа продолжи да пее како ништо да не се случило, што го воодушеви жирито и сите во студиото.
– Ги изгубив забите, но тоа се случува, изјави Миа по настапот.