Индиец (26 години) брзо зажалил за својата бесмислена идеја. За побрзо да влезе во топ форма, маж од Делхи проголтал дури 39 монети и 37 магнети.

Тој имал многу необична причина за својата постапка. Имено, бил убеден дека цинкот во монетите ќе му помогне во бодибилдингот.

Но, последиците беа катастрофални. Младиот Индиец добил силни стомачни болки и неколку пати повраќал. Затоа побарал помош во болницата, каде му била направена снимка, пренесува oe24. Она што го видоа лекарите ги запрепасти.

Монетите се залепиле заедно поради магнетната сила, што довело до цревна опструкција. Но, 26-годишникот имал огромна среќа, бидејќи хирурзите успеале да ги извадат сите монети и магнети, а пациентот можел да ја напушти болницата по една недела.