Архимандритот Јероним, игумен на манастир во Косаута, Молдавија, е убиен кога верник го избодел со нож, соопшти молдавската полиција.

Игуменот починал во болница од повеќе убоди.

Нападот се случил во неделата, рано наутро. Јероним го пронашле верници како лежи во локва крв во капијата на манастирот.

Убиецот го прободел монахот во грбот и вратот, по што си го одзел животот во блиската шума.

Телото на убиецот било пронајдено со помош на дрон.

Според првичните информации, убиецот имал 26 години и боледувал од шизофренија.