Фитнес инструкторката Зехра Кајевиќ Ситниќ почина во неделата во Сараево, а од неа се простуваат бројни членови на семејството, пријатели и познаници.

Зехра имаше само 30 години, а претходниот период се бореше со тумор на лимфниот јазол кој се прошири на другите органи.

Меѓу другото, од Зехра се прости и сестра и Лејла:

„Сестро, се гледаме еден ден моја бела птицо… Сите ние му припаѓаме на Алах и нему му се враќаме“, напишала кратко таа.

Исто така, Лејла додаде дека погребот ќе се одржи во среда, на нејзиниот роденден.

Покрај нејзината сестра, Зехра зад себе го оставила и сопругот Фарис, со кој се омажи минатото лето.