Основното јавно обвинителство Нови Сад е во постапка на преземање одредени доказни дејствија против осомничената Ана Михајлица од Нови Сад.

Според обвинителството, постапката е поведена поради постоење основи на сомнение дека Ана Михајлица сторила три кривични дела запуштање и злоупотреба на малолетно лице по член 193 ст.1 од Кривичниот законик.

Обвинителството во наведената постапка ќе ги собере сите релевантни докази за да ја потврди валидноста на наводите од предметната кривична пријава и да ја утврди фактичката состојба, со цел правилно и законско јавнообвинителско решение.

По завршувањето на постапката, јавнообвинителската одлука ќе биде донесена навремено и согласно законот, за што јавноста ќе биде информирана.

Претходно, Центарот за социјална работа ѝ ги одзеде трите деца на Михајлица на возраст од 3, 6 и 10 години. Врз основа на досега познатите факти, кои меѓу другото ги потврди и самата мајка и нејзиниот адвокат, децата на 16.11.2023 година се однесени во сместувањето на Центарот за социјална работа, откако избувнал пожар во станот на таткото на Ана Михалица, Милан Миловац, во Нови Сад.