Ќерката на легендарниот српски тренер Драган Окука, Жана Окука, почина на 36-годишна возраст.

– Драга наша Жанки, прерано го остави семејното гнездо, на далечните ѕвезди. Твојата светлост, добрина и сјај ќе не пратат до крајот на животот. Нема да живееме од спомени, бидејќи ти си тука со нас засекогаш – пишувало во некрологот.

Семејството и пријателите се збогуваа со неа, а сега се прости и момчето на Жана, кое го објави некрологот.

– Љубов моја нека ти биде осветлен патот со ангелите и нека ти донесе вечен мир. Твојот Јакша – пишуваше во неговото збогување.

Се збогуваше и манекенката Кристина Периќ:

– Многу тажен ден – напиша Кристина, неколку часа откако Жана почина.

Веста потресе многумина, а сега од Жана се прости и српскиот пејач Жељко Самарџиќ.

– Драга наша Жана… Сите бескрајно тагуваме по тебе. Никогаш нема да те заборавиме – напиша пејачот преку мрежите.