Студентката по компјутерски науки Петра П. исчезнала без трага во Брауншвајг во Долна Саксонија во 1984 година. Откако еден чирак кој учел столарија за медиумско внимание изјавил дека ја убил, таа била прогласена за мртва, иако телото никогаш не било пронајдено.

Поминаа 31 година од нејзиното исчезнување кога Петра П. повикала полиција во 2015 година затоа што некој упаднал во нејзиниот стан во Дизелдорф. Потоа во полиција признала која е.

Повеќе од три децении таа живеела под името Сузана Шнајдер. Таа 2015 година таа не сакаше да зборува за причините за нејзиното исчезнување. Тоа го направи дури на 16 март годинава, во емисијата „Life – Menschen, Momente, Geschichten“ на RTL каде раскажа како била малтретирана како дете. Затоа сакала да исчезне.

Таа избрала ново име и живеела под тоа име 31 година, работела на различни работи, секогаш ја плаќала киријата во готово, немала автомобил и никогаш не одела на одмор.

– Така останав незабележана сите тие години. Не знаев дека полицијата ме бара. Едноставно сакав да исчезнам незабележано од мојот минат живот – рекла таа.

Инспекторот кој го истражуваше случајот со Петра П. во емисијата на РТЛ рече дека е убеден дека Петра е убиена.