Терористичкиот напад којшто се случи денеска во концертна сала во Москва зад себе остави трагичен биланс на околу 40 загинати и 130 повредени лица.

Според неофицијални информации, руските безбедносни служби интензивно трагаат по мажи од Ингушетија кои се осомничени за овој терористички напад.

Осомничените станале предмет на интензивна потрага, а надлежните служби прават напори за нивно пронаоѓање и изведување пред лицето на правдата.

На платформата Х беа објавени фотографии од наводните терористи.