Во Мостар, првото панорамско тркало во Херцеговина, високо 22 метри, беше поставено покрај градското шеталиште спроти големиот градски парк, кое несомнено наскоро ќе стане една од новите адреналински атракции во центарот на најголемиот град на реката Неретва.

Само поставувањето на конструкцијата и доаѓањето на работниците на терен кои денеска работеа на подготовка на оваа адреналинска инсталација, во Мостар го разбуди интересот на сите генерации, кои со нетрпение чекаат да се стави во функција панорамското тркало.

Како што потврдија за Klix.ba, панорамското тркало во Мостар го поставува компанија од соседна Хрватска во соработка со Туристичкиот одбор на Град Мостар, а пред да биде ставено во функција ќе ги помине сите безбедносни проверки, а ќе биде достапни за љубителите на адреналин до 1 мај.

Капацитетот на адреналинската точка е 18 затворени кабини и во секоја може да се сместат до пет лица, што значи дека до 90 луѓе можат да се вртат и да се вивнат на небото истовремено.

Возењето трае од седум до 10 минути во зависност од бројот на посетители, а децата до три години се возат бесплатно кога се во придружба на родителите, додека децата од три до 10 години плаќаат шест марки (околу 190 денари) за возењето, а за постарите и возрасни, треба да се одвојат осум марки (250 денари).

Ротирачката панорама како уникатна атракција е нов и убав уред кој ја сочинува визијата на многу европски градови, а Туристичкиот одбор на Град Мостар сметаше дека е важно што конечно дојде во просториите на Херцеговина и се позиционираше во центарот на Мостар, каде што ќе ги збогати содржините, за кои веруваат дека ќе бидат интересни за граѓаните и туристите во тој град.