Во тешка сообраќајна несреќа во саботата доцна попладне на јадранската магистрала во Каштел Суќурац во Хрватска загинаа 29-годишен возач на мотор и 32-годишна жена, возач на автомобил. Со жената во автомобилот било и дете на неполни три години. Момчето било задржано во болница каде му биле констатирани тешки физички повреди.

За страшната несреќа посведочеле мештаните на Каштел Суќурац кои веднаш на помош дошле и успеале да го извлечат детето од автомобилот кој се запалил.

На местото на настанот бил извршена увид, предводена од заменикот ОДО Сплит со асистенција на полициски службеници, а според првичните информации, мотоциклистот поминал на црвено светло и удрил во автомобилот во кој биле мајката и детето. Жената починала на лице место, како и мотоциклистот кој излетал 50 метри.

Силата на моторот кога удрил во автомобилот била толку глема што автомобилот се превртел на покривот.

„Сцената што ја најдов една минута по несреќата беше навистина застрашувачка. Ужас во секоја смисла на зборот, тага“, рече сведок на несреќата.