Четири лица загинаа денеска, меѓу кои и една девојка, а најмалку 30 се повредени кога автомобил излетал од патот и удрил во група гледачи на автомобилски собир во северозападна Унгарија. Набрзо на социјалните мрежи се појави ново видео од страшната несреќа.

На првото видео кое се појави може да се види како возилото се лизга и удира во група гледачи, додека на новото видео се гледа точниот момент на ударот, бидејќи видеото е снимено од далечина. Имено, возачот губи контрола, автомобилот се излизга, зад него се појавува облак прашина, а потоа се гледа смртоносниот удар.

За потсетување, несреќата се случила за време на автомобилска трка меѓу градовите Лабатлан ​​и Бајо кај Дунав, соопшти полицијата, пренесе унгарскиот портал 24.hu.

На Фејсбук страницата на рели клубот Арабон беше објавено дека се повредени 30 лица. Трката е прекината, автомобилот излетал од патот од се уште неразјаснети причини, кои се истражуваат.

Според унгарските медиуми, меѓу жртвите има и девојка.