Девојчето Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот во Бањско поле кај Бор. Како што рекла нејзината мајка, девојчето исчезнало во моментот додека таа му давала вода на друго дете.

Поради нејзиното исчезнување, во Србија за прв пат беше пуштен во употреба системот „Најди ме“, во чии рамки, меѓу другото, граѓаните во Србија добиваат СМС со информации за исчезнатото девојче. Ако ја видите, веднаш јавете се на 192.

Сите расположливи сили се испратени на местото на исчезнувањето на двегодишната Данка, а како што покажува најновото видео, може да се види и хеликоптер како го надлетува местото каде што се сомнева дека исчезнало девојчето. Во потрагата по девојчето се вклучи цела земја.

Соседот кој, како што вели, живее на 300 метри од нејзината куќа, смета дека постои можност девојчето да е киднапирано, но полицијата се уште не се изјаснила за ваквите наводи.

– Двегодишно дете едвај оди. Јас лично ја погледнав секоја дупка околу парцелата. Претпоставувам, за жал, дека некој киднапирал – рече тој.

Потсетуваме, жандармеријата синоќа влезе во Бањско поле со четири возила и џипови квадрицикли. Го чешлаат теренот по делови, така што секој ќе биде детално пребаруван уште еднаш.

Доколку имате некаква информација, веднаш јавете се на 192.