Хрватската полиција истражува што точно се случило во средата попладне во локално основно училиште во Трогир, каде родител влегол и физички го нападнал учителот во училницата, кој наводно ѝ го одзел мобилниот телефон на ќерка му. Сплитската полиција потврди дека во средата во 12 часот и 15 минути добила пријава за физички конфликт во образовна институција.
„Полициските службеници по добиена пријава излегле на местото на настанот. Едно лице е уапсено и однесено во службени простории, а друго побарало лекарска помош“, изјави Јерко Куревија од сплитската полиција.
Неофицијално се дознава дека инцидентот се случил во основното училиште „Мајстор Радован“ за време на час кој ученичката не го следела туку се забавувала со својот мобилен телефон. Кога го видел тоа наставникот, ја замолил да му го предаде мобилниот телефон до крајот на часот, по што таа го искористила мобилниот телефон на еден од учениците од одделението и за тоа го известила нејзиниот татко. Пристигнувајќи во училиштето, таткото на девојчето влегол директно во класот и наводно го удрил во главата. Тој е наставник по биологија и хемија.
По инцидентот за се била известена полицијата, а наставникот побарала лекарска помош, но се уште не се знае со сигурност за какви повреди станува збор. Се дознава и дека полицијата набрзо го уапсила таткото на девојчето, кој се наоѓа во полициската станица каде е во тек кривична истрага.
Директорката на училиштето за медиумите го потврди инцидентот и рече дека тоа е уште еден во низата инциденти во хрватските училишта и дека треба итно да се смени нешто за да се заштитат наставниците и учениците. Таа рече и дека би сакале вакви инциденти да не се повторуваат. Таа истакна дека правилата на нивното училиште забрануваат употреба на мобилни телефони за време на часовите.