Страшна несреќа се случи во германската сојузна покраина Баварија. Според германските медиуми, таткото со багер го прегазил девојчето (3). Девојчето е пренесено во болница на лекување.
Татко ја прегазил сопствената ќерка (3) на фарма во баварскиот град Обералгау. Како што пренесуваат германските медиуми, девојчето е пренесено во болница на одделението за интензивна нега.
Таткото не го видел малото девојче додека го вртел багерот наназад. На тригодишното девојче му била укажана помош на лице место.
Девојчето е надвор од животна опасност
Девојчето било пренесено во клиниката Кемптен со спасувачки хеликоптер и префрлено на педијатриската интензивна нега таму, се вели во соопштението.
Според портпаролот на полицијата во Кемптен, девојчето е надвор од животна опасност. Германските медиуми јавуваат дека девојчето нема да има сериозни здравствени последици од несреќата.