Иако од прегледот на мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ е откриено дека бројни повици и пораки биле избришани непосредно пред исчезнувањето на девојчето, тоа не значи дека нема да се утврди со кого и што комуницирала, бидејќи полицијата го прегледува нејзиниот мобилен телефон детално, дознава „Блиц“.

Како што дознаваме, обвинителството наредило детален преглед на нејзиниот телефон, со оглед на тоа што мајката на Данка Илиќ била последна што контактирала со девојчето.

– Сите избришани пораки ќе бидат вратени – вели изворот на „Блиц“.