Едно лице е во критична здравствена состојба во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Ченто, дознава Телма.

Несреќата се случила во близина на слаткарницата „Шарлота“ и наскоро се очекуваат повеќе детали. Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин, поради што десетици автомобили останаа заглавени на излез од Скопје.