Потрагата по исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) влезе во шести ден, а како што дознават српските медиуми, една од насоките на истрагата води до можност детето да е киднапирано и веќе да е во некоја од земјите на Европската унија.

-Се испитуваат сите можности, се проверува дали детето ја поминало границата. Работиме со сите достапни информации, а особено истражуваме дали Данка можеби веќе е во некоја од земјите на ЕУ – вели извор од истрагата.

Од тие причини со денови се проверуваат најблиските гранични премини со Романија и Бугарија.