Исчезнувањето на Данка Илиќ може да е поврзано со педофили, со влашка магија или со родителите.
Поранешниот полицаец Владимир Савиќ вели дека не е првпат дете да исчезне во Бор и објаснува дека таму се случувале страшни злосторства.
„Врз основа на моето долгогодишно искуство во работењето во МВР, решавањето случаи на крвни и полови деликти, јас лично имам три можни верзии поврзани со случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ“, вели тој.
Неговиот колега Марко Ницовиќ рече дека сега фокусот на истрагата треба да биде на граничните премини, поради можноста девојчето да е жртва на трговија со деца, но треба да се испитуваат и родителите.
Савиќ, човекот кој заедно со колегите во 2019 година, по неколкудневна потрага, спаси дете од рацете на педофил, познат како Малчански бербер и за тоа е прогласен за маж на годината во Србија, го даде своето мислење за исчезнувањето.
„Првата верзија е поврзана со педофилијата, втората со ритуалните обреди на влашката магија, а третата ја вклучува можноста родителите на девојчето да учествувале во нејзиното исчезнување“, вели тој за „Вечерњи“.
За првата верзија, дека овој трагичен настан е поврзан со педофилијата, според него, на чуден начин потврдува и полициската акција во која еден ден по објавата за исчезнувањето на Данка, беа уапсени бројни педофили во неколку града во Србија, меѓу кои и неколкумина од Бор и од 20 километри оддалечениот Заечар. Тие малтретирале деца на возраст од три до 14 години.
„Втората верзија, која како поранешен член на МВР специјализиран за крвни и полови деликти не би ја исклучил, е поврзана со обредите на влашката магија“, вели Савиќ.
Тој посочува дека Бор и блиските Заечар и Мајданпек имаат еден заеднички именител, а тоа е влашката магија, која заедно со вуду магијата се смета за една од најсилните во светот.
„На тој простор сè уште „оперираат“ разни јасновидци и гатачи, се прават ритуали во кои луѓето сè уште веруваат во 21 век, па во 2008 година, во источна Србија, во селото Јабуковац се случи злосторство. Повратник од странство, убеден дека целото село му прави црна магија, уби 14 или 15 луѓе“, вели Савиќ.
Тој верува дека мајката, не одговарајќи на т.н. златни прашања на криминологијата, на истражителите не им ја открила вистината за настанот на кој била сведок, поради што, според информациите објавени во медиумите, се сомнева дека нешто крие.