15 годишно девојче вчера паднало од 12 кат од солитер во Нов Белград и останала мртва на лице место, дознава Блиц. Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
Девојчето учело во училиштето „20 Октомври“ во Нов Белград. Сите во училиштето со неверување ја примија оваа трагична вест. Страшната таргедија за „Блиц“ ја потврди директорот на ОУ „20 Октомври“, Бранислав Недељковиќ.
– Одеше во нашето училиште, беше одличен ученик, примерен ученик, добра пријателка. Пред една недела освои награда во рецитирање. Класот во кој одела е еден од најдобрите во целото училиште. Децата одлично се сложуваа, а таа постигна завидни резултати на бројни натпревари, изјави директорот на училиштето, кој се уште не може да поверува дека се случила оваа трагедија.
По тој повод, раководството на училиштето денеска испрати соопштение до сите родители:
„Крајно сме тажни поради трагедијата што се случи“
„Денеска се соочивме со трагичната загуба на нашата ученичка. Исклучително сме тажни поради трагедијата што се случи. Таа беше прекрасна личност, добра и искрена пријателка, одлична ученичка, весело и насмеано дете… Утре на училиште за време на редовниот час заедно ќе поминеме низ активности кои се однесуваат кога се поминува низ процес на тагување. Ќе ги охрабриме учениците да ги споделат своите чувства и мисли со нас и едни со други во средина каде што ќе се чувствуваат безбедно да поставуваат прашања и да извршат разговор“, се вели во соопштението.
Како што се додава, „преку секојдневните ученички активности во деновите што доаѓаат, училиштето ќе се обиде да покаже сочувствителен однос кон реакциите што ги покажуваат учениците, да ги поттикне да ги изразат своите чувства и да им помогне малку да ја структурираат нивната дневна рутина“.
„Цело време ќе се трудиме да го одржуваме нејзиниот спомен преку нашите активности и се надеваме дека ќе ни се придружите во ова. Нејзината смрт длабоко не потресе сите“, се додава во обраќањето до родителите, наставниците и учениците.
Како што пренесува „Телеграф“, телото по наредба на обвинителството е испратено на обдукција.