Полицијата се уште го претражува местото каде последен пат е видено детето. Австриската полиција објави соопштение и три нови фотографии од жени кои се направени во Виена со девојче која личи на Данка.

Ова во српската јавност поттикна надеж дека девојчето е живо. Тоа што не е пронајдено во Бањско поле е добар знак и за Саша Живановиќ, поранешниот шеф на одделот за високотехнолошки криминал.

Австриската полиција денеска преку итно соопштение откри дека семејството на исчезнатата Данка Илиќ на сослушувањето изјавило дека на видеото објавено викендов „многу е веројатно дека се гледа Данка“.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото и фотографиите да се обратат до органите на редот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.