Тажна вест доаѓа од Сплит. Во сообраќајна несреќа загина Лука Томиќ, младиот кикбоксер и хрватски репрезентативец.

Амено Гим ја потврди тажната вест на социјалните мрежи, а пораки со сочувство стигнуваат од сите страни:

„Изразуваме длабоко сочувство до семејството, како и до нашиот пријателски клуб Амено Гим и тренерот Миливој Бајиќ поради прераното заминување на младиот кикбоксер и хрватски репрезентативец Лука Томиќ“, велат од Пит Бул Гим.

Почивај во мир!