Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка, а тие го признале делото.

Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка Илиќ, а тие го признале делото, изјави претседателот Александар Вучиќ на денешната вонредна седница на Владата на Србија.

– Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признале делото – рече претседателот и додаде дека ги водат до местото каде што го фрлиле телото.

– Со какви чудовишта си имаме работа – рече Вучиќ.

– Ѝ благодарам на полицијата за големиот напор и посветеност, додаде тој.

Наскоро поопширно…