Убиена е Данка Илиќ, соопшти денеска на прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ. Две лица се уапсени и во моментов полицијата ги води до местото каде што го фрлиле телото.

Убиена е Данка Илиќ, а убијците кои го признале делото во моментов полицијата ги води до местото каде што го фрлиле телото.

На автомобилот претходно денеска со судска истрага биле пронајдени траги од крв, а врз основа на тоа биле приведени две лица.

– Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признале делото – рече Александар Вучиќ и додаде дека ги водат до местото каде што го фрлиле телото.

– Со какви чудовишта си имаме работа – рече Вучиќ.

– Ѝ благодарам на полицијата за големиот напор и посветеност, додаде тој.