Девојчето Данка Илиќ (2) наводно било живо откако двајцата работници ја удриле со автомобил, според првите информации од истрагата.

Нејзиното тело се уште не е пронајдено, а полицијата е на депонијата на Стари Бањски пут каде девојчето било удрено со автомобил. Се сомнева дека еден од осомничените излегол од автомобилот по несреќата и со голи раце го задавил детето, пишува „Информер“.

Обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта на Данка Илиќ

Телото на убиената Данка Илиќ се уште не е пронајдено, точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.

Припадници на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги уапсиле С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, се вели во соопштението на МВР.

Откако биле пронајдени траги од крв на автомобилот, работниците биле приведени.