Притвор до 30 дена рано утрово добија осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот.

Двајца осомничени вчеравечер беа сослушани во Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Како што се дознава, потрагата по телото на девојчето продолжува, а во текот на денот ќе бидат посетени уште неколку локации.

– Ќе бидат сослушани и роднините на двајцата осомничени, бидејќи се сомнева дека е вмешан уште некој – открива изворот.

Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се колеги од ЈКП Водовод и на 26 март со службено возило го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го однеле до депонијата каде што првично го фрлиле. Потрагата трае од завчера, а испитуваат и бараат дали е пренесено од тоа место.