Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар призна дека ја задавил Данка Илиќ.

Тој во обвинителството откри дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата.

– Рече дека татко му и брат му помогнале да се ослободи од телото – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Неговиот брат Далибор Драгијевиќ беше многу активен на својот Фејсбук профил, а една од фотографиите што ги објави е онаа со пејачот Милан Топаловиќ Топалко од 2016 година.

Во таа прилика за „Блиц“ проговори пејачот кој се изненади кога му го кажавме ова.

– Во шок сум. Не знам што да кажам. Беше на некој настап, не се сеќавам да се сликал со мене. Сликата е од 2016 година, не знам што да кажам. Останав без зборови од целиот настан, и јас и целата нација. Искрено сочувство до семејството, се надевам дека сторителите ќе го добијат заслуженото – изјави пејачот за „Блиц“.