Еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор е попладнево е изнесен од полициската станица во Бор.

Според репортерот на „Блиц“, се работи за член на семејството Драгијевиќ. Мажот бил изваден со лисици во придружба на двајца полицајци, но се уште не се знае каде отишле.

Да потсетиме, претходно денеска Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ, беше донесен во куќата во која живееше до апсењето.