Познатата пејачка Марија Шерифовиќ вечерва во Подгорица го одржа својот втор концерт на турнејата наречена „Доаѓа љубов“. Пред преполната Бемакс Арена, Марија го отвори вечерашниот концерт со песната „Другачија“ од новиот албум.
Посебно емотивен момент на вечерашниот концерт беше изведбата на песната „Dobar vam dan“, која Марија ја посвети на убиенoто девојче Данка Илиќ од Бор, пишува Блиц.
Пејачката Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм профил објави црна позадина со емотикон со скршено срце, симболично прикажувајќи ја нејзината тага поради овој трагичен настан.
По 20 години кариера, ова е прв концерт на Марија во Бемакс Арена, а по изведбата на песните од новиот албум кој излезе во октомври минатата година, следеа некои од нејзините најголеми хитови. Како специјален гостин на вечерашниот настап, на Марија на сцената и се придружи Данијел Алибабиќ со кој го изведе дуетот „Пола Сунца“.
Марија Шерифовиќ минатиот месец започна голема регионална турнеја, а билетите се пуштени во продажба за самостојни концерти на 10 мај во Славонски Брод, 25 мај во Крагуевац, 8 јуни во Цирих и 2 ноември во Скопје. Марија вети дека наскоро ќе најави и други настапи.