Осомничениот Далибор Д.(1984) од Бор, кому во саботата му е одреден притвор до 48 часа поради сомнение дека му помогнал на братот Дејан Д.(1974), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по делото, починал синоќа во полициското одделение во Бор, јавува Блиц.рс.

– На Далибор Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3 часот и 10 минути, а лекарот судска медицина констатирал природна смрт, објавија пред малку медиумите.

За настанот веднаш е известено Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое нареди обдукција во Институтот за судска медицина во Белград.

Далибор Д.