“Сакам да знам дали е жив. Само сакам мојот Филип да ми се јави, па да е и на крајот на светот”. Ова се потресните зборови на Бранко Јаковски од селото Кленак кај Сремска Митровица, дедото на Филип Урумовиќ (21), кој исчезна во ноември минатата година.

Од младиот човек нема ни трага ни глас веќе пет месеци, а уште поголема мистерија за исчезнувањето на Филип се појави кога минатата недела се самоуби неговиот најдобар пријател и колега.

Бројот на исчезнатиот Филип бил активен на Вибер

Како што објавуваат српските медиуми, младиот Лазар (26) се самоуби со бесење во дворот од својата куќа, а неговото тело беше пронајдено минатиот понеделник на 1 април.

– Тие двајца работеа заедно во компанијата. Пред да исчезне Филип, тие беа неразделни. Го познавам тој човек, сите велат дека бил фин и љубезен. Не можам ни да претпоставам што би можело да биде причината за да крене рака на себе – вели Бранко:

– Би сакал Лазар да оставил проштално писмо, да ни каже зошто го направил тоа, а можеби и да ни открие нешто што не требало да го каже, да ни помогне и да ни остави некоја трага што може да не доведе до мојот Филип.

Како што неофицијално дознаваме, откриено е дека телефонскиот број на Филип бил активен на Вибер на 15 март годинава, четири месеци по неговото исчезнување.

-Се проверува дали со некој од тој број е комуницирано, како и дали можеби бил во контакт со Лазар. Имам информации дека истрагата е во тек и интензивно се работи на случајот на Филип – вели Бранко и додава:

– Би сакал и за цел на истрагата да го прегледаме телефонот на Лазар, за да откриеме дека барем еден од двајцата е жив.

Дедото на Филип вели дека последен пат го видел внукот ден пред да исчезне кога се поздравиле бидејќи Бранко патувал во Македонија да го прослави Аранѓеловден со семејството.

– Филип сакаше да ме вози, но син ми дојде со мене, па немаше потреба. Се поздравивме затоа што патував, ме прегрна и ми рече: „Помини си убаво, кога ќе се вратиш ќе те возам кај хирургот“ – се присетува Бранко со тага во гласот.

Според него, однесувањето на Филип му било чудно пред исчезнувањето.

– Сега сум сигурен дека имаше некој голем проблем што не можеше да ми го каже, а инаку ни кажуваше се. Во тие денови ни поставуваше прашања кои никогаш не ги поставуваше. Ја праша жена ми колку пари имаме во куќата, а јас разговарав со него да му ја препишам куќата – вели дедото и додава:

– Никогаш не ни земал и не би ни земал динар без ние да му дадеме. Тој ден тој без ништо излезе од дома, не ни зеде ништо, а не ги зеде ни своите работи со себе. Многу ми е страв да не му се случило нешто, не знам како го преживуваме сето ова, го одгледавме од кило месо.

Да потсетиме, Филип Урумовиќ исчезна на 20 ноември минатата година од селото Кленак, а досега е пронајден само неговиот автомобил, во близина на мостот.

– Сите камери се проверени и на ниту една снимка не се гледа дека Филип скокнал во реката, така што таа можност е малку веројатна. Неговите блиски веруваат во две опции, дека тој оставил се и отишол некаде да живее поради можни проблеми или дека бил киднапиран и дека можеби некој му нанел штета – потсетува изворот.

Семејни односи

Дедото на Филип објасни дека живеел со нив откако татко му ги оставил него и мајка му.

-Филип ни велеше дека не се гледа со татко му, но луѓе од соседството ни кажаа дека го виделе со него. Не му забранував ништо, но не ми се допаѓаше да го гледам со него, тој е чуден човек со лоши навики и се плашев дека после толку години ќе има лошо влијание врз Филип. Се надевам дека исчезнувањето на Филип нема врска со него, но истрагата се уште е во тек и само сакам внукот да ми се врати, каде и да е, се ќе исправиме и ќе решиме – вели дедото.

Мистериозна вест

Уште една мистерија се случи во врска со исчезнувањето на Филип Урумовиќ. Имено, на 2 февруари стигна веста дека Филип, за жал, е пронајден мртов.

Но, таа информација истиот ден беше демантирана од семејството на Урумовиќ, но и од полицијата, а порталот „Нестали Србија“ кој ја објави информацијата се извини за грешката.

– Искрено се извинуваме за неодамнешната грешка во нашата објава во врска со исчезнатиот млад човек Филип Урумовиќ. За жал, до недоразбирањето дошло поради невистинита смртна пријава човек кој го пријавил исчезнувањето, што довело до објавување на неточни информации за смртта на младиот човек – се наведува во соопштението на организацијата „Нестали Србија“.