Се уште се мистерија причините за несреќата што се случи викендов на патот Попова Шапка, кога автомобил падна во провалија и на лице место почина 80-годишен австриски државјанин. Случајот го пријавиле случајни мотоциклисти, а пожарникарите и полицијата пристигнале по 15 минути за да ја констатираат смрт на постариот маж од Виена. Според податоците на полицијата,
„На 7.4.2024 година околу 17:20 часот во СВРБ – Тетово, пријавено е дека на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка на влезот во Расадиште од Тетово, патничко возило „Сузуки“ со австриски регистарски ознаки, управувано од. Е.В. (80) од Виена – Република Австрија, излетал од патот. Од здобиените повреди возачот, кој бил сам во возилото, починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт, додека јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово извршиле увид на местото на настанот“,велат од Полицијата на Тетово.
Но, сомнежите за оваа несреќа се зголемија кога меѓу пронајдените предмети имало и вреќа со пари. Ова не беше забележано во прелиминарниот полициски билтен, но подоцна од СВР соопштија дека истрагата се уште не е затвореа и материјалот се уште не е предаден на обвинителството. Противпожарната служба потврди дека нашла пари, но рекоа дека се предадени на полицијата.
„Брзо пристигнавме со тетовската полиција и со некои други возачи кои беа зад автомобилот и го видоа инцидентот. Ја видовме жртвата која беше надвор од автомобилот. Немаше сомнителни работи како алкохол или нешто опасно. Тоа беше длабок пад на автомобилот околу 150 метри. Жртвата беше надвор од автомобилот, работите исто така биле расфрлани надвор. Има и слики и работи што ги документиравме, видовме пари околу колата како српски динари, евра и денари . Во торба, според она што ги виделе останатите пожарникари, имало поголема сума на пари што ги имала жртвата. Поголема сума на евра“, изјави Авни Амети, началник на ППБ – Тетово.
Од тетовската полиција велат дека сите пронајдени предмети моментално се во полициската станица Тетово. Засега е готов само прелиминарниот лекарски извештај, а како причина за смртта е наведено внатрешно крварење. Но, од полицијата се уште немаат одговор каде претходно бил австрискиот државјанин, од каде дошол, со кого се сретнал и зошто му биле потребна оваа сума пари. За случајот се известени и Одделот за меѓународна полициска соработка, Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Австрија и Канцеларијата на Интерпол. (Алсат)