Пред неколку минути имало дојава за пукање во центарот на Тетово, дознава Алсат.
Вечерва во Тетово се случило пукање. За среќа нема жртви, а полицијата е на терен и врши увид, со што повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.
ТВ21 од неофицијални извори дознава дека ова пукање е поврзано со настанот и пукањето пред тетовската болница од 11. јануари оваа година.
– Според последните неофицијални информации на порталот Тетова Сот, лице од тетовско село пукало со калашников на булеварот Илирија или како што е познато во близина на локацијата МЕМА, објави тетовскиот портал.
Полицијата е на местото на настанот. Повеќе детали засега не се откриваат.