Неколку локации околу селото Злот се совршено познати само на двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор. Локациите со денови се пребаруваат, но полицијата и по девет дена никако да го пронајде телото на убиеното двегодишно девојче кое неколку дена се водеше како исчезнато.

Во округот Бор и денеска, деветти ден од апсењето на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, потрагата по телото продолжува на терен, а се работи и на коритото на реката Злоцка, од Злот до Шумраковац.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ПУК „Водовод“ и многу добро го знаат распоредот на тие акумулации.

Тие поради нивната работа редовно ги посетувале и ги знаат сите скриени места и затоа потрагата сега е насочена кон тоа.