Јована Тренчевска, доскорешната министерка за труд и социјална политика, сподели тажна вест на социјалните мрежи.
Таа се прости со потресни зборови од блиска соработничка во кабинетот.
„Да се запознае храбра жена како Драгче наша е привилегија на овој свет. Беше нашиот разум кога беше потребно, беше нашиот глас кога бевме најтивки и беше позитивната енергија кога деновите беа тешки!
На наша огромна тага вчера вечер кабинетот остана без нашата личност која имаше добар збор, совет, трпение и разбирање за секого од нас. Твојот аманет за добри дела и вистинско пријателство ќе остане со нас. Нека ти е светол патот. Почивај во мир!“, напиша Тренчевска на „Фејсбук“.
За последен поздрав телото ќе биде изложено утре,14.04.2024 година од 11 часот до 12 часот во капелата на гробиштата во Бутел.