Како лавина почнаа да се слеваат вести за разводи на парови кои некогаш важеа за најхармонични на естрадата. Речиси секој ден на површина излегуваат нови детали за нивните врски, а во средината има измами и лаги.
На листата се најде и пејачот Дарко Филиповиќ, кој по натпреварот „Ѕвезде Гранда“ се повлече од јавната сцена, се посвети на семејството, а потоа неодамна ја шокираше јавноста со изјавата дека сопругата го изневерувала со неговиот најдобар пријател.
Пејачот Дарко Филиповиќ се разведе од сопругата Јасмина откако, како што рече, поранешната сопруга го изневерувала со неговиот пријател.
Нивната љубов траеше 12 години, а нивната венчавка беше многу раскошна и за нивната гала прослава долго се зборуваше.
Дарко и неговата тогашна избраничка го кажаа судбоносното „да“ после година и пол врска. Сакале свадбата да биде во Белград, но во последен момент решиле свадбената веселба да ја одржат во Лесковац каде имаат голем број пријатели и роднини од југот на Србија.
По веста дека Филиповиќ се разведува од сопругата, тој не сакаше да зборува за причините за разводот, се поради нивната ќерка, но на крајот сепак откри дека таа го изневерувала со пријател.
– Ако не се срами, нека ви ја каже вистинската причина. Долго време ме изневеруваше со сега веќе поранешен мој другар. Треба да се засрами, бидејќи сите нејзини блиски ја отфрлија. Како што можете да видите, мојот образ е чист, изјави тогаш Дарко.